Тоа што во моментов се случува на граничните премини со Република Северна Македонија е апсолутен срам, изјави бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, од Благоевград каде што присуствуваше на чествувањето на Гоце Делчев.
– Ги запираат бугарските граѓани, ги задржуваат, ги малтретираат. Тактиката не е да ги запрат луѓето, затоа што немаат причина за тоа, но сосема спокојно можаат да задржуваат автомобили и автобуси по неколку часа, само за безсрамно да ги задржуваат. Вашите колеги, но и бугарите кои се на границата, ми кажаа дека нема утврдено време во кое бугарската делегација ќе положи цвеќе. Тоа е невиден срам, изјави Џамбаски.
The post Бугарите разочарани: Тоа што се случува на границата е апсолутен срам, вели Џамбаски appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде