Танчарите на Скопје танцов театар ќе гостуваат на Фестивалот на Шекспир во Верона од 24 до 31 август и ќе настапат со претставата „Леди Магбет“, правена по кореографија на Рисима Рисимкин.
Фестивалот слави 75 години постоење и на неговите сцени досега гостувале реномирани продукции, актери, режисери, сценографи, музичари, танчари и кореографи.
Рисимкин и Скопје танцов театар ќе бидат дел од Шекспир фринге програмата, која ќе се одржи на крајот на август.
Скопје танцовиот театар изминатиот период настапуваше на светските сцени во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам и други поголеми центри на културата и добива одлични критики.
The post Скопје танцов театар летово ќе настапи на фестивал во Верона со „Леди Мегбет“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде