Болница во САД е казнета со 10.000 долари откако лекарите по грешка прогласиле една пациентка за мртва. Луѓето од погребалното претпријатие ја ставиле во мртовечка вреќа, а два часа потоа кога ја отвориле виделе дека се бори за воздух, стои во извештајот од Одделот за инспекција и жалба на Ајова.
66 годишната пациентка била примена на 28 декември на Одделот за интензивна нега во Центарот за специјална нега за Алцхајмерова болест, Глен Оукс во Урбандејл. Во извештајот кој бил поднесен во средата на 1 февруари, стои дека била примена поради сенилна дегенрација на мозокот.
Состојбата ѝ се влошила, па на 3 јануари во раните утрински часови еден од персоналот во болницата ја проверил.
„Очите и биле отворени, но кога ѝ го проверил пулсот не давала знаци дека е жива. Ја известил медицинската сестра која во 6 часот утрото пет минута и ја следела состојба. Утврдила дека е почината, па го побарале семејството и погребно претпријатие“, стои во извештајот на инспекторот.
„Директорот на погребното претпријатие стигнал во 7:38 часот утрото и ја ставил во платнена вреќа. Кога ја отвориле вреќата во 8:25 утрото ја виделе како се бори за воздух“, рече инспекторот, а пренесе Stuff.
The post Жена ја прогласиле за мртва, а кога ја извадиле од вреќа виделе дека се бори за воздух appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде