Пејачка Нина Бадриќ сподели две слики во венчаница на „Инстаграм“, па хрватските медиуми објавија дека таа тајно се омажила. На едната слика Нина е сама, а на втората со нејзината добра пријателка Тина Рениќ.
„Кој ќе најде пријател на Земјата, нашол богатство. Намести си го срцето да чука Тина“, напиша Нина на фотографијата.
Бадриќ не откри дали навистина се омажила, или сликата е од снимање на некој спот или филмски проект.
Пејачката лани наполни 50 години и ви интервју за српски „Блиц“ проговори за својот емотивен статус.
„Не поднесувам клевети, лаги, игри и трикови кога е љубовта во прашање. Вистината, каква и да е, повеќе ја ценам од секоја лага завиткана во најубав целофан. Во љубовта треба да бидете искрени. Навистина тука нема простор за калкулација. За жал, многу луѓе калкулираат и во тој процес ги губат луѓето што ги сакаат“, изјави таа.
За потсетување, пејачката шест години беше во брак со Бернард Красниќ. Двојката се разведе во 2012 година, а како причина наведоа дека имаат непомирливи разлики во карактерот.
The post Нина Бадриќ во венчаница, хрватските медиуми објавија тајно се омажила appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде