септември 25, 2024

Тројцата приведени на граничниот премин „Деве Баир“ кои нападнаа македонски полицајци вчера извадиле лекарски уверенија затоа што сметаат дека биле изложени на физичко насилство, изјави за БТА адвокатот Владимир Миланов од Ќустендил. Тој и претставници на локалната структура на „Преродба“ чии членови се напаѓачите, денеска биле во Крива Паланка, за да ги платат казните изречени од судот.

Тројцата се казнети со парична казна од по 300 евра и привремена забрана за влез во државата. Исплатата на судот во Крива Паланка е вкупно 1.700 евра заедно со трошоците, рече Миланов. Тој посочи дека парите ги обезбедил претседателот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов.

Миланов додаде дека нема информации за приведените и затоа отишле во Република Македонија за на лице место да проверат што се случило. Тројцата осудени Бугари објаснија дека биле тепани во соба на граничниот премин и биле држени со лисици на рацете 6 часа.

Не знам дали ќе поднесат тужба, коментира Миланов за БТА, но додава дека тие извадиле лекарски уверенија.

The post Тепаните бугари ќе бараат оштета, извадиле дури и лекарско уверение… appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK