септември 27, 2024

Чоколадото и бананата се одличен пар. Доколку подготвувате класичен леб од банана, додадете во смесата неколку капки чоколадо и уживајте во одличниот вкус. Доколку сакате уште побогат десерт, измешајте какао во прав во смесата.

Прсти да излижете: Рецепт за чоколаден леб со банани

Потребни состојки:
175 грама брашно
160 грама кафеав шеќер
100 грама чоколадни капки
75 грама стопен путер
20 грама какао во прав
3 зрели банани
1 големо јајце
1 лажичка екстракт од ванила
½ лажичка сода бикарбона
прстофат сол

Начин на подготовка:

Намачкајте го садот за печење со путер и оставете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
2.Изгмечете ги бананите со виљушка. Измешајте ги со растопен путер, кафеав шеќер, јајце и екстракт од ванила.
3.Во друг сад измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото во прав, сода бикарбона и солта.
4.Добро измешајте ги сувите состојки во смесата со банана.
5.На крајот додадете ги капките чоколадо.
6.Префрлете ја смесата во сад за печење и ставете ја во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 50 минути или додека целосно не се обработи термички.
7.Изладете го чоколадниот леб од банана пред да го послужите. На здравје!
ДинаДина

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK