септември 27, 2024

Потребна ви е инспирација за здрави појадоци, полни со хранливи состојки, кои лесно се приготвуваат?

Ви нудиме идеи кои ќе сакате да ги испробате:

ОВЕСНИ СНЕГУЛКИ ПОТОПЕНИ ПРЕКУ НОЌ
За утрата кога немате многу време за да приготвувате појадок, идеален избор се овесните снегулки потопени преку ноќ.
Помешајте ги снегулките во тегла со млеко или вода во сооднос 1:2, додајте прстофат сол заедно со вашиот омилен засладувач, а по желба и малку чиа семе и оставете ги во фрижидер за да се приготвуваат додека вие спиете.
Наутро ќе имате здрав појадок во кој можете да додадете овошје, цимет, ванила, јатки, урми, путер од кикирики, па дури и чоколаден чипс.

Појадок

ПЕЧЕН ЛЕБ + ХУМУС
Хумусот е идеален начин за да внесете протеини од растително потекло и е редовен избор на веганите. Зависи од подготовката, но вообичаено во 100 гр намаз од наут има 8 грама протеини, а и хумусот нуди добар извор на растителни влакна.

Најубавото е што лебот со неутрален хумус можете да го комбинирате на најразлични начини, за да добиете и слатки и солени варијанти. Банани или јаболко и мед, авокадо, домат и босилек, јајце, семиња, маслинки, јагоди… Додајте што и да посакате и ќе добиете примамлив појадок кој долго време ќе ве држи сити.

ЈАЈЦА + АВОКАДО

Без разлика дали сте обожавател на кајгана или јајца на око, секогаш можете да ги комбинирате истите со авокадо и да добиете совршено здрав појадок. Многу љубители на оваа комбинација си приготвуваат оброк и во рерна, печејќи го јајцето во внатрешноста на издлабено авокадо.

Пронајдете ја вашата омилена варијанта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK