Аргентина победи со 3:0 против Хрватска во полуфиналето на Светското првенство. Првиот гол на натпреварот го постигна Лео Меси од пенал.
Пред натпреварот со Хрватска се подготвив за евентуален пенал и заедно со нашите голмани Мартинез и Руљи детално ја проучував техниката на хрватскиот голман Ливаковиќ – изјави капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси.
Ливаковиќ одбрани три пенали против Јапонецот во осминафиналето, плус Родриго против Бразил во четвртфиналето.
– Веднаш разбравме дека тој секогаш го чека играчот до крајот, односно дека со трчање, изглед и положба на телото му ’покажуваат’ каде ќе шутираат – изјави Меси, кој според експертите реализираше „совршен пенал. “ и им го отвори патот на Аргентинците до победа (3:0) и пласман во финалето на Светското првенство.
Следете не, не има насекаде