септември 27, 2024

Главниот град на Чешка, Прага се наоѓа популарниот тунел од книги. Овој тунел се вика „Идиом“ или „Колона на знаењето“, постои од 1998 година, содржи 8.000 книги и е дело на словачкиот уметник Матеј Крен. Се наоѓа во центарот на Стариот град, на Маријанскиот плоштад, каде што се наоѓа Градската библиотека. Сите тие книги се или донирани или спасени да не завршат на депонија.

Користењето книги како градежен материјал е нешто што често се поврзува со овој уметник кој живее и работи во Прага.

Дупката во форма на солза се наоѓа на предната страна на столбот и е висока повеќе од два метри. Внатре во колоната, таванот и основата се пресликани за да се зголеми чувството за бесконечен простор. Кога ќе влезете во тунелот, се добива впечаток дека тунелот нема крај.

Оригиналниот „Идиом“ се појави во 1995 година на биеналето во Сао Паоло. Изгледаше доста слично, а беше и пократок поради ограничувањето на висината на таванот.

There is a tunnel of books in Prague! pic.twitter.com/hc0G3Q3SwL

— Lisa Davis (@LisaDavisBooks) October 22, 2016

The post Бесконечен тунел од книги туристичка атракција во Прага appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK