септември 27, 2024

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармацеутикалс“

Запрашан „кога очекува оставка од министерот за здравство Беким Сали“, Ковачевски побара„да не му се ставаат збори во уста“, додавајќи дека за кадровски прашање ќе се одлучува наредните денови.

„Јас сум станат денес веројатно најрано откако сум вработен, скоро 23 години. За мене навистина е тажен ден. Не само за семејството на Благојче кое не го знам, туку и за целата земја. Благојче се бореше до последниот ден со оваа ужасна болест. Тоа е херојска борба. Но за жал на самиот крај, неговото тело не издржа. Најтажно од се е што најверојатно неговата смрт е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. И можевме уште малку да ја одложиме агонијата на неговото заминување“, кажа Ковачевски.

Ковачевски очекува лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител.

Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.

Разговарав и со директорот на Фондот за здравство и со министерот за финансии, тоа беа нивните први денешни разговори кои ги имаа. Ќе ги замолам, посебно министерот за здравство, да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по прес-конференцијата ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на која ќе ги образложи точните мерки што ќе се преземат на негово лично инсистирање со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок ќе следи системско решение со цел веќе да не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките каде се лекуваат.

Извор Инфомакс

The post Ковачевски: Можевме да го спасиме Благојче- Сали нека размисли дали може да го продолжи мандатот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK