септември 27, 2024

Сергеј Трифуновиќ ја прекина претставата „Воз“ на гостувањето во Ријека, Хрватска и му го зема мобилниот на гледач од публиката, оти цело време снимал наместо да гледа.

Веста за инцидентот ја пренесе „Вечерњи лист“. Тие раскажаа сведоштва од посетителите, кои велат дека Трифуновиќ бил изнервиран поради однесувањето на момче во публиката, кое постојано ја снимало претставата. Во еден миг, актерот му пришол, му го зел мобилниот телефон и го фрлил на подот. По оваа реакција, повеќето гледачи почнале да аплаудираат. Постојаното снимање не е единствената работа што му пречела на српскиот глумец. Претставата неколку пати ја прекинале нотификации од мобилни телефони, мрморење од публиката, шушкање, а Трифуновиќ, постојано се осврнувал и на кашлањето во публиката.

„Во еден миг, обраќајќи се кон првиот ред, рече дека човекот може слободно да ја ‘отвори бонбоната’ бидејќи тоа воопшто не им пречи, а потоа на присутните им порача дека само актерите треба да разговараат, бидејќи ‘нема смисла да се натсинхронизираат’“, рекол еден гледач.

Претставата во Ријека била бесплатна, а во организација на Советот на српското национално малцинство во Приморско-горската жупанија во Хрватска и Српското културно друштво „Просвјета“.

Освен Трифуноиќ, во претставата глуми и Воја Брајовиќ.

The post Сергеј Трифуновиќ прекина претстава во Хрватска и му го зеде телефонот на гледач што снимал цело време appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK