септември 27, 2024

На социјалните мрежи се шири трогателна фотографија од Азербејџанец кој го натовари својот стар дотраен автомобил со работи и тргна да и помогне на разурнатата Турција од земјотресот.

Повеќе од 17.000 луѓе ги загубија животите во разорните земјотреси. Бројките сè уште растат, а хуманитарната криза се повеќе ескалира. Првата земја која и пријде на помош на Турција е Азербејџан од каде тргнаа спасувачките екипи, а луѓето се организираа и почнаа да испраќаат помош.

ФОТОГРАФИЈАТА ШТО ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ: Натовари сè што можеше на стар автомобил, па тргна да ѝ помогне на Турција

Од трошна куќа до опустошена Турција

Еден од нив е и Сервер Беширли кој со својот брат го наполнил стариот автомобил со работи и од својата трошна куќа во Баку тргнал кон Турција.

И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помагавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние што живеат во други земји. Бев сведок на ситуација кога една девојка дојде, го соблече палтото и го даде во хуманитарни цели, рече тој, цитиран од Index.hr

Azerbaycan’lı gazeteciler bu adamı bulmuşlar.

İsmi Server Beşirli, yaşadığı ev de bu – küçük bir gecekondu…

Ama kocaman bir yüreği var… https://t.co/exyqKP9hn5 pic.twitter.com/8YtrOmAOYn

— Dr. Ahmet Şairoğlu (Seninleyiz ) (@shahidovcom) February 8, 2023

Симбол на солидарност

Неговиот благороден чин трогна многу луѓе, особено откако ги дознаа условите во кои и самиот живее, а многумина коментираа дека секогаш најмногу даваат поддршка на оние кои имаат најмалку.

Фотографијата стана симбол на солидарност и заедништво, а само на Твитер е прегледана 4 милиони пати и споделена речиси 12.000 пати, со што е соборен рекордот за споделување на социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK