септември 27, 2024

Петко Русанов од Бугарија, кој беше дел од групата која требаше да пристигне на одбележувањето на 151-годишнина од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев во Скопје, го демантира видеото објавено на речиси сите медиуми кај нас, а снимено на 4-ти февруари на граничниот премин и вели дека тој воопшто не ги нарекол „цигани“ полициските службеници на граничниот премин „Деве Баир“.

Како што вели, изненаден бил кога дознал дека неговото име е едно од најспоменуваните во македонските медиуми, поради видео снимка која е манипулативна.
Во видеото, Русанов се кара со полицајците зошто не го пуштаат да влезе во Македонија, а моментот кој е спорен и преведен како „цигани“, тој всушност на полицаецот му вели „сега ми“.

Целата реченица оди вака: „Сакам да отидам на гробот Гоце Делчев, а ти тука сега ми создаваш проблеми за да влезам“

Тој признава дека бил еден од најгласните, но не и од оние кои си дозволиле да ги навредат полицајците.

„Изненаден сум кога дознав дека моето име во моментов е едно од најспоменуваните во локалните медиуми, поради манипулацијата со видео снимката од она што се случи на 04.02.2023 година на бугарско-македонската граница во Деве Баир. Едно е точно – јас бев еден од најгласните, но не и од оние кои си дозволија да ги навредуваат македонските гранични полицајци. Вакви манипулативни видеа се објавени во медиумите кои со години водат насочена антибугарска кампања, и со ова целта е да се оправда грубото самоволие на кое бевме подложни. Им се обраќам со желба да размислат за нивното однесување, бидејќи внимателно следам што се пишува за мене и тоа што некој си дозволува манипулации, нема да го оставам без последици“, вели Русинов.

Тој јасно и категорично кажува дека нема навреди и квалификации кон македонските гранични власти и на ниту еден начин не сум ги прекршил законите на РСМ.

„Исто така повторно констатирам дека секој што ќе си дозволи да манипулира со тоа што се случило оттука натаму ќе има случај против него, за навреда, а тоа што ќе го добијам од ова ќе го донирам на бугарските клубови во Македонија. Започнатиот процес на будење на македонските Бугари не може да се запре и тоа што се случи никако нема да ме спречи да продолжам со активноста на блогот przone.info. Се обраќам и до моите пријатели Македонци:
Браќа, ќе дојде време кога кај Вардар повторно ќе прозвучи „Шуми Марица““, вели Русанов.

Инаку, на 4-ти февруари на граничниот премин „Деве Баир“ во еден период од денот, поради пад на системот за контрола за влез во земјава се чекаше неколу часови, а ситуацијата стана напната и кулминираше со расправии.

Тогаш Русанов бил приведен со уште две други лица, каде освен парична казна, изречена му е и забрана за влез во Македонија во траење од 3 години.

The post Бугаринот Петко Русанов за ТВ21: Бев еден од најгласните, ама не сум ги нарекол полицајците „цигани“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK