септември 27, 2024

Компјутери, телефони, пари. Ова се само дел од работите кои се запленети од домот на Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“. Неофицијално, извори од МВР, посочуваат дека се најдени и полициски белешки кои исто така ќе бидат одземени. Ваков е исходот од претресот кој траеше повеќе часови во домот на Стаменковски во скопско Влае. Меѓу останатото, полицијата по наредба на обвинител, одзела и мемориски уреди. За сето ова, Обвинителството најави детали за во текот на утрешниот ден.

Стаменковски, против кого скопското Обвинителство добило повеќе пријави по кои постапува, ноќта ќе ја помине во полициска станица. Таму ќе биде задржан, се додека обвинителот не одлучи дали ќе бара од судот на Стаменковски да му бидат одредени мерки за обезбедување на присуство. Постојат и информации кои говорат дека додека траел претресот Стаменковски побарал медицинска помош, поради што била повикана Брза помош.

Засега, официјално од Обвинителството е само информацијата дека во тек е постапка против сопственикот на порталот. Со оглед дека постапката за обезбедување на докази е во тек, не соопштуваат повеќе детали.

Инаку, Стаменковски и е познат на јавноста и бидејќи неколку пати беше претепан, но и по контроверзните објави на неговиот веб-портал.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK