септември 27, 2024

Македонската женска кошаркарска репрезентација дојде до историско остварување на вечерашното гостување кај БиХ (68-66), откако ја оствари првата победа во меч од европските квалификации по пауза од скоро десетгодини, со што стави крај на црната серија од 22 порази по ред.

Последниот триумф на жолто-црвените беше во јуни 2013 година, кога исто така на гостински терен ја совладаа Португалија (60-56). Потоа следуваа ужасни осум ипол години и многу загубени натпревари, меѓу кои имаше и такви со 70 или 90 поени негатива. Но, вечерва во салата „Илиџа“ во Сараево девојките го оставија срцето на паркетот и дојде до победа, која не значи ништо во пласманот, но која дефинитивно ќе донесе голем мотив не само кај репрезентативките туку и кај сите инволвирани во женската кошарка за напорна работа која би донела подобри денови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK