септември 27, 2024

Јелена Карлеуша рече дека текстот на новата песна на Дара Бубамара „Кока Рока“ бил нејзин и дека го купила од покојниот син на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ. Додаде дека уредно му платила додека соработувале и дека е во нејзина сопственост. Го купила од сожалување, а сега сака да го подари.

„Имам потреба да споделам со фановите и медиумите некои информации врзани за новиот албум, но и за моите бивши соработници. Како што знаете некои од моите текстови ги напиша Милан Радуловиќ. Јас уредно му ги платив однапред. За жал Милан имаше проблеми со дрогата, па во таква состојба многупати ме молеше да му платам однапред. Парите му ги дадов, а тоа може да го потврдат и моите соработници“, рече Јелена.

Карлеуша ја прекина соработката со Милан пред неколку месеци пред да почине. Прекинаа кога Милан на „Тивтер“ ја објави песната која требаше да се најде на нејзиниот нов албум. Двајцата потоа ги изладија односите, а Карлеуша објасни дека не ја сакала песната, затоа што текстот не бил доволно добар како другите песни.

„Едно време одлучив дека не сакам да му дадам пари. Го правев тоа за негово добро затоа што знаев дека ќе ги потроши на дрога. Почна да ми се заканува дека ќе ги објави текстовите кои ги пишуваше за мене. На крај го направи тоа. Во исто време почна моите песни да ги продава на други пејачи, иако уредно платив за нив. Подоцна ми се извини. Рече дека парите му биле потребни затоа што наркоманијата е најголемо зло. Не само што ме уценуваше, ми се закануваше и ми ги објавуваше моите платени текстови, туку и ги продаваше. Еден од нив е и текст кој го заврши на 15 декември 2021 година“, рече Карлеуша.

The post Дара Бубамара ја зема песната на Карлеуша appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK