септември 27, 2024

На шампионот во уметничко лизгање Роман Костомаров (45) ампутирани му се двете нозе откако добил гангрена. Костомаров на почетокот на годината бил примен на одделението за интезивна нега, каде што бил ставен на респиратор поради тешко воспаление на белите дробови. Здравстевната состојба на oлимпискиот, светски и европски шампион во уметничко лизгање, се искмплицирала и добил гангрена.

Истиот извор од клиниката изјавил дека лизгачот сега се соочува со борба за да ги спаси неговите раце.

Костомаров, има 45 години, тој во неговата кариера освоил златен медал на Зимските Олимписки Игри 2006 година во Торино заедно со Татјана Навка. Лизгачкиот пар двапати го освои златото на Светско првенство и трипати на Европското првенство.

Освен со Татјана Навка, во двојки настапуваше и со Ана Семенович и Екатерина Давидова.

The post Ампутирани двете нозе на Роман Костомаров, шампион во уметничко лизгање appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK