септември 27, 2024

Засега неидентификуван објект на голема надморска височина е соборен над Алјаска, соопшти Белата куќа.

САД СОБОРИЈА НЕИДЕНТИФИКУВАН ОБЈЕКТ НАД АЉАСКА: Бајден издал наредба веднаш да се пука!

Соборувањето се случи неколку дена откако американската војска собори кинески шпионски балон над Атлантскиот Океан, јавува Би-Би-Си.

Можам да потврдам дека Министерството за одбрана го набљудуваше објектот на голема надморска височина над воздушниот простор на Алјаска во последните 24 часа. Објектот леташе на 40.000 стапки и претставуваше закана за безбедноста на цивилната авијација – изјави портпаролот Џон Кирби.

Кирби рече дека објектот бил „со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област во тоа време.

Тој додаде дека неговиот отпад е „многу, многу помал“ од балонот соборен минатата недела во близина на брегот на Јужна Каролина.

Кирби рече дека „како мерка на претпазливост и по препорака на Пентагон, претседателот Бајден и нареди на војската да го урне објектот и тие го сторија тоа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK