септември 28, 2024

Македонската скијачка Јана Атанасовска постигна уште еден успех за македонското женско скијање во нејзината деби сезона во сениорска конкуренција.

Атанасовска на ФИС трка во слалом на патеката Сепада во Италија го освои 10 место.

Атанасовска која имаше време од 01:28.77 минути оствари одличен резултат од вкупно 71,84 ФИС точки.

Трката ја завршија вкупно 54 скијачки, три Италијанки се најдоа на првите три позиции, Катерина Синигои, Теа Холцер и Валентина Фил.

Јана Атанасовска, претходно најдобар резултат во историјата на македонското скијање имаше и на ФИС трката во Словенија каде освои 75,95 точки.


The post Македонската скијачка Јана Атанасовска постигна нов успех на трка во Италија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK