септември 28, 2024

За ручек направете го овој вкусен рецепт од крцкави и зачинети мали парчиња свинско месо кои брзо се подготвуваат.

Крцкави залаци од пилешко може да се најдат во секој ресторан за брза храна, а сигурно секој од вас барем еднаш ги има направено и дома. Ако ги замените со свинско, сигурно ќе се воодушевите, особено ако сте љубител на зачинета храна, бидејќи вака приготвеното месо најчесто се служи со пржена лута пиперка. Крцкаво и зачинето однадвор, а меко одвнатре, свинското месо е вистински хит за ручек.

Потребни состојки:
900 гр свинско филе
50 гр пченкарен скроб
1 лажица јаболков оцет
5 чешниња лук
2 лути пиперчиња (црвена и зелена)
масло
сол
бибер

Подготовка:
Месото исечкајте го на коцки, па истурете 2 лажици масло и оцет, па посолете и побиберете. Добро измешајте, па оставете го месото 10-15 минути. Потоа додадете го скробот и измешајте. Лутата пиперка исечкајте ја и пропржете ја на масло со сечкан лук. Извадете ги од тавата, па пропржете го месото. Извадете го на хартиена крпа за да се исцеди, па додадете ги пржените лути пиперчиња и лукот, посолете и промешајте.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK