ноември 21, 2024

Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција, и уплати парични средства за помош на Сирија и Турција во фондот на Црвениот Крст во вкупна висина од шест милиони евра. 

Со индигнација ги демантираме гнасните лаги дека наводен инспектор во градот Скопје „ги бркал” луѓето кои собираат хуманитарна помош!

Волонтери на градот Скопје се активни учесници на штандот на плоштадот „Македонија” каде секојдневно се собираат потребните средства за хигиена, облека, храна и останати потреби за настраданите во Турција и Сирија.

Срамно, на граница со мизерност и политички очај е ставањето на меѓународна хуманитарна катастрофа во дневнополитички теми. Просто неверојатно е со каква леснотија се лаже за вакви чувствителни теми. 

Но, срамот не е на градот, туку на поединци кои ги креираат и шират овие лаги!

За вака изнесените невистини, бараме извинување во законскиот рок 48 часа од лицето Љупчо Златев, во спротивно правдата за овие ноторни и дегутантни лаги ќе ја бараме на суд!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK