Селото со оригинално име „Лавр“, кое се наоѓа во близина на Солсбери во Велика Британија, е познато како најромантичното село во светот.
Првото нешто што треба да се забележи по пристигнувањето се срцата кои се поставени насекаде. Тие висат од дрвја и огради, дури и куќите се украсуваат со срца во сите големини. Селото го исполнува сите услови за најромантичното село во светот.
Долги години, романтична репутација на селото растела бидејќи сè повеќе луѓе, во деновите пред Денот на вљубените, испраќале љубовни картички до селската пошта за картичките и писмата да добијат печат од селото на љубовта и да одат со тој поштенски печат во рацете на нивните најблиски.
Меѓутоа, селската пошта се затворила во 2008 година, набргу по затворањето на селското училиште. Селаните се здружиле за да ја спасат училишната зграда и да ја претворат во нешто слично на културен центар.
The post Селото Лавр во Британија ја слави љубовта секој февруари, познато е како најромантичното место во светот appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде