ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.
Oд Акционерското друштво информираа дека испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.
Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023.
Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период.
Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.
The post ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде