септември 28, 2024

Со недели сите светски медиуми брмчат за разводот на пејачката Шакира и фудбалерот Жерар Пике, а сето тоа поради прељубата што ја направил.

Бракот од 12 години пропадна кога пејачката дозна дека нејзиниот партнер не може да и одолее на Клара Чиа Марта (23), која тогаш работеше во неговата компанија Космос. Откако сè стана јавно, Шакира му посвети и одмаздничка песна на бившиот, која за кратко време заврши на сите тренд листи.

Сепак, шоковите изгледа не завршуваат тука! Сега новинарите на Music Mundial дознаа нова вест која дополнително може да ја потресе колумбиската пејачка: Клара Чиа Марти е бремена и таа и Пике го чекаат своето прво дете.

WATCH: #ClaraChia reportedly pregnant by #Piquéhttps://t.co/Qpp96RviHJ pic.twitter.com/vZKfiz6bQO

— Music Mundial (@MusicMundial) February 10, 2023

“Контроверзната врска помеѓу Жерар Пике и Клара Чиа Марти продолжува да предизвикува бројни коментари. Угледен аргентински новинар сега тврди дека парот го чека своето прво дете. Веста која ја откри познатиот новинар Густаво Церијани ги шокираше сите обожаватели на Шакира. Жерар Пике и Клара Чиа се снимале во аптеки купуваат тест за бременост Се било тајно, а Церијани тврди дека фармацевтот му потврдил дека им го продал тестот за бременост“, пишува Music Mundial.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK