септември 28, 2024

Охриѓани и жителите на регионот уште еднаш покажаа солидарност на дело. Непосредно по катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, Младинското волонтерско здружение на Турците ТГА, подржужница Охрид, организираше акција за собирање хуманитарна помош на која масовно се одзваа охриѓани и жителите на Струга, струшко и пошироката околина. За само неколку дена собрани беа три шлепери храна, вода, облека, хигиенски средства, кебиња, покривачи, детски пелени и друго-јавува Охрид Њус

Камионите натоварени со помошта од Охридскиот регион, која внимателно е селектирана и евидентирана, се упатија за Гостивар каде ќе бидат претоварени во возила на AFAD (Earthquake Humanitarian Aid Campaign) со кои ќе се упатат кон Ипсала, Република Турција, од каде ќе се распределат кон југоистокот на земјата и Сирија, информираат за Охридњуз од ТГА.

Од името на младите Турци – волонтери од Охрид како и од името на многу други, им се заблагодаруваме на сите наши сограѓани, Македонци, Албанци, Турци и останати кои се вклучија во кампањата за помош на настраданите во најсмртоносниот земјотрес на овој век што се случи во Турција и Сирија. Горди сме што живееме сплотено и се помагаме меѓусебно во најтешките моменти. Искажуваме благодарност до сите граѓани на Охрид, Струга, Лабуништа, Подгорци, Дебар и Прилеп кои како и секогаш, така и сега, ја покажаа својата хуманост и солидарност со донација на потребна помош за настраданите од земјотресот. – велат младите волонтери од ТГА.

The post Три шлепери помош од граѓаните на Охрид и регионот тргнаа кон подрачјата погодени од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK