октомври 10, 2024

Вчера во Лондон се одржа 43. издание на музичките награди БРИТ. Во O2 Арената настапија некои од најпопуларните светски ѕвезди во моментов. Освен со музиката, тие го привлекоа вниманието и со стилот на црвениот тепих.

Најголемо внимание привлече Сем Смит кој беше облечен во црн костум од латекс, па фановите го споредија со балон. Хери Стајлс дојде во црн костум без кошула, украсен со голема црна ружа, а Џеси Џеј избра хеланки и топ и го покажа голиот труднички стомак. Таа не беше единствената ѕвезда на доделувањето на наградите со гол труднички стомак. За црвениот тепих фустан со гол стомак избра и пејачката Камил.

Стилистите сепак се со поделени мислења. Едни велат дека ѕвездите изгледале одлично, други дека претерале во изборот на облека и дека изгледаат смешно.


The post Екстравагантната мода на БРИТ наградите: Сем Смит во латекс, Џеси Џеј со гол труднички стомак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK