септември 28, 2024

Денеска во Скопје на 54-годишна возраст ненадејно почина долгогодишниот македонски спортски новинар, Зоран Поповски.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како „А1“, „Дневник“, „Македонски спорт“, „Спортмедиа“, „Република“, „Екипа“, а од летото 2018 година беше во „Спортманија“.

Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.

Погребот ќе биде извршен утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

The post Ненадејно почина спортскиот новинар Зоран Поповски appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK