септември 28, 2024

Рада Манојловиќ ја прекина соработката со менаџерот и ги откажа сите договорени настапи. Рече дека отсега нејзината сестра Маја води грижа за неа и ќе биде таа која ќе и ги организира свирките.

„Самите знаете дека дојде до прекин на соработката со менаџерот и морав да ги откажам сите настапи. Невозможно е да работам под такви услови и притисок како до сега. Поради неможноста да контактирам со организаторите во Ниш, би сакала да ги замолам сега да се јават кај сестра ми“, рече Рада.

Некои од медиумите во Србија пренесоа дека пејачката намерно ја избрала сестра ѝ за нов менаџер, за да може целата заработка од свирките заврши кај нив. Се очекува заработка и од 160.000 евра.


The post Рада Манојловиќ ја прекина соработката со менаџерот и ги откажа сите настапи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK