септември 28, 2024

На 54-годишна возраст  во Скопје ненадејно почина новинарот на порталот Спортманија, Зоран Поповски.

Поповски имаше повеќе од дводецениско новинарско искуство, работејќи за повеќе медиуми како „А1“, „Дневник“, „Екипа“, „Република“, а од летото 2018 година беше во Спортманија.

Како новинар вљубеник во фудбалот, тој известуваше најмногу од фудбалски настани, а меѓу долгата листа настани од кои известуваше се и историското за нас Европско првенство во 2021 на кое за првпат играше Македонија, како и ЕП за младинци во Полска во 2017 година.

Погребот ќе биде утре на градските гробишта Бутел, во 13 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 12 часот.

The post Почина спортскиот новинар Зоран Поповски appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK