септември 28, 2024

На 13.02.2023 во 14.40 часот на ул.„Бутелска” во Скопје, полициски службеници од ЕВР Чаир и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.А.(39) од Скопје.
Тој се сомничи дека на 22.01.2023 извршил кражба од зграда на подрачјето на Бит пазар, а на 28 и 29.01.2023 извршил тешки кражби во продажен објект и куќа на подрачјето на Чаир, при што одзел повеќе предмети.
Во службен разговор во полициска станица, тој ги признал делата. Поголем дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK