септември 28, 2024

Дванаесетгодишното дете пронајдено повредено на улица во Велес, на Детската клиника во Скопје е примено со фрактура на долната вилица, на ништо не се сеќава и не кажува никаква информација, изјави за МИА директорката на клиниката, Стојка Фуштиќ.

Од токсиколошката анализа, само дијазепам му е најдено во крвта. Уште истиот ден свеста се воспоставила, а други лекови не се најдени во крвта. Веројатно било без свест, првично е примено во велес, а потоа, завчера, е донесено кај нас, појасни таа.

Во саботата околу 13 часот е пријавено дека во велешката Општа болница, со тешки телесни повреди, бил донесен малолетник, кој бил пронајден нa улицата „Алексо Демниевски“, информираше портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој додаде дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Портпаролката Елена Левкова Ќулумова рече дека на Детското одделение во велешката болница во саботата било донесено дете, кое со тешки повреди било испратено на понатамошно лекување на скопските клиники.

The post Повреденото дете од Велес на ништо не се сеќава, во неговата крв имало дијазепам appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK