септември 28, 2024

Една недела по смртта на Благојче Илиевски, кој очајно бараше државата да му го обезбеди лекот за цистична фиброза никој не понесе одговорност, ниту пак некој е разрешен од функцијата. Прстот беше вперен само кон министерот за здравство кој заминува од Владата, но поради одлуката на неговата партија.

За оставки од морални причини не размислуваат ниту директорите на Фондот, Магдалена Филиповска Грашкоска и Фатон Ахмети, членовите на УО, ниту пак директорот на секторот финансии на ФЗО, бидејќи утредента откако почина 45-годишниот битолчанец Фондот по наредба на Премиерот најде пари од резервите за да може да се набави “Трикафта” за најкритичните пациенти, а претходно со месеци здравствените власти беа “глуви” за барањата на болните дека модулаторната терапија за нив живот значи.

Ковачевски и денеска повтори дека виновна е бирократијата, но не кажа дали побарал одговорност од првите луѓе на Фондот, ниту дали ќе го промени тој начин на фунционирање поради кој пациенти јавно молат за терапија, а болни умираат чекајќи државата да им го набави лекот.

– Јас кажав дека вакви работи во државата се случуваат заради тоа што ние имаме една невозможна бирократија и тоа во изминатите 31 година каде што најголем дел од институциите и поединци кажуваат како нешто не може да се направи наместо да биде целта како нешто може да се направи. И заради тоа ги имавме тие состаноци кои беа организирани се со цел што побрзо да се реши овој проблем, изјави Премиерот Димитар Ковачевски.

Случајот со смртта на пациентот од цистична фиброза јавноста го спореди со малата Тамара од Велес, но тогаш пред точно 8 години првите луѓе на Фондот за здравство Маја Парнарџиева Земејкова и Џемали Мехази почувствуваа морална одговорност и си дадоа оставки.

The post Директорите на Фондот не понесуваат одговорност за смртта на Благојче кој не дочека лек appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK