септември 29, 2024

Најпознатиот светски карневал во Рио де Жанеиро ќе се одржи од 18 до 21 февруари по две години пауза. Повеќе од 150 карневалски улични групи ќе се претстават на улиците на Рио де Жанеиро, но прославите ќе продолжат во текот на целиот месец. Градските власти очекуваат карневалот да им донесе речиси една милијарда долари заработка. Ако се исполнат нивните очекувања, тоа би бил рекорд на сите времиња. 

„По ограничувањата од претходните години, улиците на вториот по големина град во Бразил повторно ќе бидат место за бурни забави, а традиционалните училишта за самба ќе продефилираат низ градскиот самбадром“, пишува „Ројтерс“.

Организаторите очекуваат годишната прослава да ги собори рекордите во туризмот и потенцијално да надомести дел од загубите од претходните години.

„Целосно сме спремни да ги пречекаме сите што доаѓаат од целиот свет и веруваме дека економијата ќе генерира рекордни милијарда долари само за време на карневалот“, рекол претседателот на компанијата „Риотур“, Рони Агујар, на прес конференцијата пред карневалот.

Според проценките, се очекуваат околу 80.000 туристи од странство, што би било за околу 25.000 повеќе од последната година пред пандемијата.

 

The post Карневалот во Рио се враќа по две години пауза, градот очекува рекордна заработка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK