септември 29, 2024

На популарниот фолк пејач Наум Петрески му се одобрени 60.000 денари, односно околу илјада евра од Министерството за култура, за проект -Издавање на музички албум ЦД Наум Петрески ,,Незаборав”, на Друштво за услуги и трговија Авард Промотион ДООЕЛ Скопје.

Овие средства се дел од 12,5 милиони евра, кои годинава Министерството за култура ги обезбеди за финансирање на проекти од национален интерес во културата од музиката и музичко-сценската дејност.

За „Фокус“ музичарот вели дека сумата која му била одобрена од министерството не е достоинствена и била доволна за да се сними само една песна. Затоа, појаснува, решил да сними голем број од неговите песни во соседна Србија.

-Смешно е да се коментира за сума од илјада евра доделена за снимање на цел албум! Само една песна изнесува толку, ако не и повеќе. Ме има на списокот на министерството, колку да се каже дека ме има! Ако ова е начин да се придонесе за нашата култура и за проекти кои се од голема важност, ќе кажам само дека начинот е сосема погрешен! – вели Петрески.

The post Се пожали златното грло, Наум Петрески- Со 1.000 евра што ги добив од Култура можам да платам само една песна appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK