септември 29, 2024

За 11 месеци 73 пратеници земале 360.000 евра, односно околу 21.960.000 (дваесет и еден милион деветстотини и шеесет илјади) денари. Пратениците се од сите политички партии, освен од Левица, чии пратеници не пријавиле патни трошоци.

Сумата е астрономска, особено ако се земе предвид дека Собранието во 2022 година работело само 88 денови, а одржале точно 50 седници, како што покажуваат собраниските извештаи за минатата година.

Пратеничката група на СДСМ “лапнала” 133.000 евра, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ 132.000 евра, останатата сума ја делат останатите пратенички групи, пред се албанските политички партии.

Групите се едно, а поединците од групите сосема друго. Пратеници земале патни трошоци како секој ден да ја обиколуваат Македонија.

Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ дневно во просек добивал по 3.550 денари за да патува на релација Струга – Скопје. Јадранка Поцкова во просек добивала 3468 денари дневно.

Сурија Рашиди од Алијанса, дневно во просек добивал по 3254 денари за релацијата како и неговиот колега Аџиоски.

Љубица Спасова од СДСМ е дневно заработувала по 3100 денари за патувањата од Струмица кон Скопје.

Арбана Пашоли од Дебар, пратеничка на ДУИ добивала 1889 денари дневно.

Велешките пратеници Ненад Коциќ и Игор Здравковски не се исклучок од таа пракса и на име на патни трошоци за месеците од јануари до август 2022 година, од буџетот имаат искеширано 309.143денари(Коциќ 158.917 , Здравковски 150.226)

Во изминатите 11 месеци, и покрај тоа што во имотниот лист навела дека има два стана во Скопје, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Олга Лозановска од Битола наплатила 550.000 денари (околу 9.000 евра) за патни трошоци од Собранието.

Другата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Силвана Ангелевска од истата партија наплатила 327,840 илјади денари за неколку месеци.

Пратеничките од Гевгелија, Ангелинка Петкова и Марија Костадинова за осум месеци наплатиле 474 573 денари, Петкова наплатила 356 716 денари, Костадинова 356 716 денари.

Платата на пратениците изнесува над 100.000 денари, без пресметан стаж. Ниту една автобуска повратна карта во Македонија не е над 1.000 денари, ниту една повратна карта за со воз за градовите каде може да се патува со ова превозно средство не е поскапа од 600 денари. Пратениците, доколку во тие 88 работни денови користеле автобус секој би потрошил најмногу 88.000 денари за автобуски карти, доколку се возеле со воз би потрошиле 52.800 денари. Толку трошат луѓе кои секојдневно патуваат поради било какви обврски до Скопје, а земаат далеку помали плати од пратениците.

Ги прашавме граѓаните што мислат, дали треба да се укинат патните трошоци за пратениците. Анкетата може да ја погледнете во продолжение ТУКА

ИНФОМАКС

The post Граѓаните бараат да се укинат патните трошоци на пратениците: Ако можеме ние со 10.000 да живееме, можат и тие со 100.000 appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK