септември 30, 2024

После низата обвинувања се огласи и градоначалникот на Крушево Томе Христоски…..

Ги посолуваме улиците по неколку пати, ниските температури создаваат проблеми
Почитувани сограѓани,
Сочувствуваме со потешкотиите при движењето и проблемите кои се појавуваат. Оваа зима не донесе многу снег, но создаде многу голомразица.
Ве известуваме дека според програмата која ја носи советот со посолување покриени се сите предвидени улици. Но, ниските температури носат голомразица и одново посолуваме и секако дека тој меѓупростор прави проблем на вас, граѓаните.
Ве уверуваме дека сме ангажирани и интервенираме. Со оглед на ресурсите посветени сме максимално и не сакаме ситуацијата да се политизира затоа што зборуваме за здравјето на граѓаните.
Како и досега, стоиме на располагање на граѓаните за ваши пријави и информации.
Продолжуваме со работа на оваа област и на сите наши надлежности. Работата на “Комуна” треба да се подобрува и соработката со граѓаните да расте.

The post Градоначалникот на Крушево: Ги посолуваме улиците со Трактор по неколку пати, ама ниските температури создаваат проблеми appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK