октомври 1, 2024

Во Летонија е усвоен закон со кој запленетите автомобили на пијаните возачи ќе им бидат дадени на Украина без никаква надокнада.

„Летонскиот Сејм ги прифати измените во законот за поддршка на граѓаните во Украина. Во нив е предвидена можност да им се предадат без никаква надокнада, сите државни транспортни средства во сопственост на владата на Украина, за општа поддршка на украинското општество“, е наведено во соопштението, а кое го пренесе агенцијата „РИА Новости“.

Претседателот на парламентарната комисија за одбрана, внатрешни работи и спречување на корупцијата, Рајмондс Бергманис рече дека постои можност да се транспортираат средствата одземени од пијаните возачи, продадат и предадат или да се дадат за резервни делови.

Летонскиот Сејм во 2022 година, донесе закон според кој на сите пијани возачи да им се одземат автомобилите, ако кај нив се открие повеќе од 1,5 промили алкохол, траги од наркотици, или пак одбијат да се тестираат.

 

The post Летонија ќе ѝ подари на Украина автомобили одземени од пијани возачи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK