октомври 1, 2024

Богат гулаш со говедско месо и печурки, одличен ручек за целото семејство.

Состојки:

500 гр говедско месо од бифтекмалку сончогледово масло1 главица црвен кромид1 морков1 чешне лук15 гр сланина1/2 лажичка сол1/2 лажичка вегета1/3 лажичка бибер1/2 лажичка мелена црвена слатка пиперка1/4 лажичка сува мајчина душица1 ловоров лист1/2 коцка за супа од говедско месо1 лажичка путер100 гр печурки1 лажичка доматен концентрат2 лажици сечкан магдонос500 мл вода

Подготовка:
На загреано масло пропржете ја сланината исечкана на коцки. Кога ќе порумени, извадете ја во чинија.

Говедскиот бифтек исечете го на коцки или ленти, посолете го и пропржете го на маснотијата од сланината. Кога месото ќе порумени, извадете го во чинијата со сланината.
Во истата маснотија пржете го исечканиот кромид и морковот исечкан на коцки. Додадете го сечканиот лук, па додадете ја мелената црвена пиперка. Промешајте кратко.

Додадете вода, телешката коцка за супа, ловоровиот лист, вегета и сушена мајчина душица. Вратете го месото со сланината, покријте го и варете час и половина.
Растопете го путерот и пропржете ги печурките. Кога печурките ќе заруменат, ставете ги во садот со месото. Додадете доматен концентрат измешан со малку вода, покријте и варете уште 1 час.

Кон крајот измешајте го брашното со малку вода и измешајте го во кулашот. Додадете бибер и сечкан магдонос и варете неколку минути.
Послужете го гулашот со варени тестенини, ориз, варен компир или пире од компир.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK