октомври 11, 2024

Глумецот Том Сизмор се бори за живот во болница во Лос Анџелес. Како што рече неговиот менаџер, глумецот Чарлс Лаго додека бил во неговиот дом викендов се онесвестил поради анеуризма на мозокот.

ТМЗ“ пренесе дека засега не е познато кој го нашол, но итната помош брзо стигнала кај него и го префрила во болница. Во моментов се наоѓа на интезвина нега.

„Лошо е, не знаеме дали може да се опорави од сето ова“, рече Лаго.

Низ годините Том имаше проблеми со користење на опојни средства и со кршење на законот. Беше уапсен за семејно насилство и поседување на контролирани супстанци.

Кариерата му беше и повеќе од успешна. Се појави во низа холивудски филмови како „Спасување на војникот Рајан“, „Падот на црниот сокол“, „Родени убијци“ и „Жештина“.


The post Глумецот Том Сизмор заврши во болница во Лос Анџелес, медиумите пренесоа дека состојбата му е критична appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK