октомври 2, 2024

Природното оштетување на ткивата со текот на времето најчесто предизвикува болка во големите зглобови кои носат тежина, на пример колковите и колената. Таквите промени предизвикуваат и болка во грбот. Понекогаш болката што ја чувствувате во зглобот е предизвикана од дегенеративна промена надвор од него, во ткивото околку зглобот.

 

 

 

Болка во колкот е чест проблем, а може да биде збунувачки бидејќи постојат многу потенцијални причинители. Прецизната дијагноза е од особена важност, за да може темелната терапија да го разреши конкретниот проблем.

 

Карлицата, односно областа околу колковите е исклучително чувствителна и склона на промени кои се причинети поради долговремено седење, стоење, повторувачка активност или траума. Болките во колковите неретко не се знак за оштетување на колкот, туку за некое друго телесно пореметување или инфекција.

 

ПРИЧИНИ ЗА БОЛКА ВО КОЛКОТ

 

Колковите се составени од зглобови, ’рскавица, лигаменти и мускули. Секоја од овие структури е подложна на трошење, пукање, истегнување, стареење…, па кај секој човек порано или подоцна, барем еднаш во животот ќе се појави некој „вид“ на болка во колкот.

 

Болката во колк кај помладата популација е причинета од пренапрегнување на мускулите, а кај постарите луѓе од прогресивни дегенеративни процеси кои се појавуваат во средовечна возраст или рана старост.​

 

Она што често го нарекуваме „вклештување на нерв во колкот“, а проследено со вкочанетост на бедрената регија – најверојатно е проблем со вклештување на нерви, но не во колкот туку во пределот на лумален ’рбет.

 

Кога станува збор за вклештен нерв, голем број пациенти го одложуваат одењето на лекар се’ додека состојбата драстично да се влоши, а болките предизвикани од оштетувањето на нервот повеќе не можат да се ублажат со аналгетици.​

 

о РТГ на лумбосакралниот ’рбет и РТГ снимка на карлицата и колковите може да се поштедите од доживотни потешкотии и болки во пределот на колковите. Болките во колкот често може да се заменат и со лумбосакрален ишијас.​

 

Едно од прашањата кои најчесто се поставуваат се однесува за болките после операција, поточно – по вградување на колк. Лекарите иако имаат големо знаење, сепак не се семоќни и волшебници.

 

Болките после операција може да бидат подносливи и иритантни па во текот на првите месец дена квалитетот на животот може драстично да биде нарушен.

 

Организмот функционира како една голема комплексна машина и има т.н. „моќ на регенерација“ (во зависност од телесниот систем и ткивото). Опе-ра-цијата на колк е вид на тра-ума од која организмот исто така треба да закрепне.

 

Постои можност дека доживотно ќе го чувствувате колкот кој сте го опе-ри-рале, но пропаѓањето на околното ткиво ќе биде запрено, а оштетувањето сведено на минимално ниво. Болки во колкот предизвикани од опе-ра-цијата може да се јавуваат и до година дена после зафатот, но не со толкав интензитет како првите 3 месеци.

 

Траењето и интензитетот на болките зависат и од општата состојба на пациентот како и од неговата возраст. Иако се врши истата опе-ра-ција, со потполно ист метод – постои важна разлика.

 

Организмот на 25 и 50 години не закрепнува еднакво брзо. Всушност, колку организмот е постар – телото сè потешко закрепнува, како од настинка така и од опе-ра-ција или повреда во пределот на колкот. Во-ору-жете се со трпение и добра волја, па бидете и свесни за своите ограничувања и не ги надминувајте во текот на рехабилитацијата.

 

Лек за болки во грбот, вратот, плешките, колковите – почнете уште денес со терапијата

 

Дегенерацијата на еден или повеќе интервертебрални дискови на ’рбетот се нарекува дископатија, состојба која може да биде болна и да влијае врз квалитетот на животот. Оваа болест обично се поврзува со стареењето, но кај некои луѓе може да предизвика сериозни хронични болки доколку не се лекува навремено.

 

СИМПТОМИ: хронична болка во долниот дел на грбот која се шири на колковите; болка во зад-никот и бутовите по подолго пешачење; пецкање и слабост во колената, рацете и прстите; хронична болка во вратот со болка во главата, рамената и рацете

 

НАРОДЕН ЛЕК ЗА ДИСКОПАТИЈА: ОБЛОГИ ОД ЛЕКОВИТА ГЛИНА

 

Едно парче глина (хума) од аптека, се чува изложена на сонце 3 дена. Потоа се крши, раздробува и толчи (со толчник) додека да се добие прав. Од глината се замесува тесто со дестилирана вода. Во аптеката прашајте дали имаат веќе готова глина во прав, подготвена за употреба (надворешно).

 

Добиеното тесто се притиска со дланката за да се добие облога во вид на палачинка. Се става на болното место и се фиксира со завој. Облогата се користи двапати на ден, еднаш наутро и вторпат навечер, а се остава да делува 3-4 часа.

 

ОБЛОГА ЗА ПРВИТЕ ТРИ ДЕНА. Потребни состојки: 3 главици лук, 1 лажица сода бикарбона, 1 лажица чист алкохол од аптека, 1 лажица масло

 

Подготовка: сите состојки се мешаат а добиената смеса се става на газа, па како облога се нанесува на болното место. Претходно кожата на зафатеното место треба да се премачка со свинска маст. Се остава да делува неколку часови или најдобро е са да се прено ќи со облогата. Следниот ден се подготвува нова облога. Терапијата трае три дена.

 

Лек за консумирање. Потребни состојки: 125 г рен, 4 лимони, 2 лажички цимет во прав, 2 см корен од ѓумбир, 3 лажички мед

 

Постапка: во блендер измешајте рен и ѓумбир. Потоа во тоа додајте исцеден лимон. Мешајте околу 3 минути па додајте мед и цимет. Повторно измиксајте додека да добиете сируп кој ќе го складирате во стаклена тегла.

 

Употреба: консумирајте по една лажичка двапати дневно, пред оброк. Третманот може да трае три седмици, а потоа следи пауза од една седмица, па доколку чувствувате потреба, повторете уште еднаш.

 

 

Оброк кој треба да го консумира болниот. Потребни состојки: 1 шолјичка вода, 1 шолјичка овесни снегулки, 1 шолјичка 100% сок од портокал, 2 шолјички коцки од ананас, 1 лажичка цимет, ½ шолјичка дробен бадем, малку мед

 

Постапка: Ставете ги овесните снегулки во сад со вода и оставете да се готват неколку минути. Потоа, тргнете на страна да излади пред додавање во блендер. Додајте ананас, бадем, цимет, сок од портокал и мед по вкус.

 

Измешајте добро, додавајќи по малку вода додека да ја добиете саканата густина. Консумирајте ја оваа смеса секојдневно и болките ќе исчезнат, а вашите зглобови, тетиви и лигаменти ќе зајакнат. Значително олеснување ќе почувствувате уште следниот ден.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK