октомври 3, 2024

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираше на интервјуто на јутјуберот Стефан Лазаров во кое гостин му е Драган Павловиќ Латас.

Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст злоставувале и силувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жртви на насилство.

ТРИК ОД TIKTOK – Дали знаевте дека тениското топче може да биде одлично средство за чистење на подот?
Хелсиншки комитет: За Лазаров и Латас СИЛУВАЊЕТО е извор на забава и смеа!
Ова е земја каде по 22 часот е забрането пуштање вода во тоалет
Се вика Афраа: Сириско бебе родено во земјотресот го посвоиле тетка му и вујкото
РЕСПЕКТ | Трпчески: Никогаш нема да користам одредница пред името! Горд сум што сум од Македонија!

Хелсиншки комитет: За Лазаров и Латас СИЛУВАЊЕТО е извор на забава и смеа!

Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници силувањето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно.

Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо насилниците.

Таа култура, им дава ветер во грб на насилниците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници. Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки.

На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното насилство.

Хелсиншки комитет: За Лазаров и Латас СИЛУВАЊЕТО е извор на забава и смеа!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK