октомври 4, 2024

Ѓорги Манасков, претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија,
вечерва преку објава на фејсбук ја информира јавноста дека стои на располагање
да помогне да се вратат изгубените податоци од Фондот за здравство.
Вели дека тој го правел софтверот во ФЗО, а од тогаш до денес тој многу пати бил
дополнуван и доработуван.
„Не верувам дека нема ,,BACKUP,, на податоците во Фондот за Здравство!!! Јас го
правев софтверот за ЗДРАВСТВО во ,,CLIPPER ,, програмски јазик и DBASE база и ја
имам базата до 1996 година . А, од тогаш до денес е многу пати софтверот
дополнуван и доработуван… Не е потребно да се бараат надворешни експерти. !!!

Јас, стојам на располагање и ја нудам мојата помош да ги вратам податоците ,,
доколку ми дозволат,, и во било која база да се или во кој хард диск Ви стојам на
располагање… !!! Каде се нашите експерти, програмери и стручни кадри???“, се
вели во фејсбук објавата на Манасков.

The post Манасков: Ако ми дозволат, јас можам да помогнам да ги вратат податоците на Фондот за здравство appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK