октомври 4, 2024

Како што ви е добро познато, туната, скушата, харингата и сардината се исклучително здрави бидејќи се богати со омега-3 масни киселини, протеини, железо и други хранливи материи. За денешното мени ви предлагаме кнедли од туна и моцарела кои се совршен избор доколку немате време за готвење.

Потребни состојки:
300 грама конзервирана туна
200 грама крем сирење
200 грама рендана моцарела
1 јајце
3 лажици лебни трошки + лебни трошки за пржење на топчињата
сол, бибер, магдонос и копар

Начин на подготовка:
1.Изматете го јајцето и додадете ги крем сирењето и ренданата моцарела. Во смесата додадете ја добро исцедената туна и зачинете.
2.Додадете ги лебните трошки, убаво измешајте ги состојките и формирајте топчиња со големина на орев. Пржете ги топчињата додека не поруменат од сите страни.
3.Ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете ги со вашиот омилен сос или салата. На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK