октомври 5, 2024

Актерката и комичар Ребел Вилсон се сврши со нејзината партнерка Рамона Агрум. Ѕвездата на филмот „Питч перфект“ ја сподели среќната вест со фановите на социјалните мрежи.

„Рековме да“, напиша актерката под фотографиите на кои двете позираат во Дизниленд.

Ребел го покажа и својот дијамантски веренички прстен кој и го подарила на својата вереница. Странските медиуми пишуваа дека Ребел и Рамона се вериле минатата година, но двојката сега официјално ја потврдува веста на социјалните мрежи.

Австралиската ѕвезда претходно беше во врска со наследникот на Бадвајзер и основач на Napp’s Dairy Free Ice Cream, Џејкоб Буш, но тие се разделија во февруари 2021 година. Подоцна, Ребел призна дека е вљубена во девојка.

Инаку Ребел минатата година стана мајка, доби ќерка од сурогат мајка.

The post Актерката Ребел Вилсон се сврши со партнерката Рамона Агрум во Дизниленд appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK