октомври 5, 2024

Наградата за најдобра европска филмска локација за 2022 година, објавена на годинешното „Берлинале“, ја доби грчката плажа Хилијаду на островот Евијa. Токму таму се снимал филмот „Tриаголник на тагата“ на шведскиот режисер Рубен Јостлунд.

Наградата ја доделува Мрежата на Европската филмска комисија (ЕУФЦН). Победникот се одредува со интернет-гласање на публиката.

Грчкиот филмски центар, којшто го предложи филмот на конкурсот, им се заблагодари на сите што учествуваа во гласањето. Тоа почна во ноември лани. Останатите четири филмски локации беа номинирани од Велика Британија, Швајцарија, Германија и Хрватска.


The post Грчката плажа Хилијаду е најдобрата филмска европска локација appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK