октомври 6, 2024

Судско потврденото криминално здружение ВМРО – ДПМНЕ на Христијан Мицкоски прерасна во двигател на антиалбански наратив во нашето општество и се натпреварува со Левица на Апасиев во расистички напади.

БАЈДЕН СТИГНА ВО КИЕВ СО ВОЗ: Патувањето на американскиот претседател во Украина започна од Полска, планот се чуваше во СТРОГА ТАЈНА
ПРОГЛАСЕНА ВОЗДУШНА ОПАСНОСТ НИЗ ЦЕЛА УКРАИНА! По обелоденувањето на посетата на Бајден на Киев, се огласија сирените ВИДЕО
АВАКСИ И ЕЛЕКТРОНСКИ ИЗВИДНИЦИ НА НЕБОТО НАД ПОЛСКА: Патролираа на границата со Белорусија пред слетувањето на Бајден
ИМА ЛИ МИЛИЈАРДЕР МАКЕДОНИЈА | Мапа што стана хит покажува колку милијардери има во секоја европска земја
ДРАЧ: Запленети 22.500 тони шверцувана нафта од Русија

Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер, Биљана Бошковска, Елизабета Чингаровска и многу други со јавно признание пред суд признаа и потврдија дека ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е криминално здружение и тоа го запечати судот со пресуда.

ДУИ СО НОВ ШАМАР: МИЦКОВСКИ Е ШЕФ на партија чиј имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение

ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е единствена партија во земјава чиј целосен имот е замрзнат од судот поради признанието дека е криминално здружение.

Во обид да го сокрие овој голем срам, скандалозно унапредениот син од страна на неговиот татко на факултет, Христијан Мицкоски, идеолошкиот партнер на Додиќ, Јанша, Орбан и Апасиев и политички хидро-бизнисмен, соработник со неговите бивши заменици и анти – НАТО и анти – ЕУ елементи во нашето општество, крои антиалбански наратив за да заличи на Левица на Апасиев и да придобие од неговата популарност кај екстремистичките кругови.

Али Ахмети и денеска ја продолжи кампањата за Албанец премиер https://t.co/rl4Jow38gu

— Филип Петровски (@filippetrovski) June 6, 2020

Градоначалници на ова ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски тврдат дека имаат насока од страна на Mицкоски, ака шпицен командант, да не издаваат потврди за легализација на домови на Албанци во нивните општини согласно законот и под никакви услови да не ангажираат компании на Албанци во нивните општини како и да не издаваат дозволи за градби поради расистички демографски политики.

ВМРО – ДПМНЕ на Мицкоски е синоним на корупција, блокада и заложништво, а тоа го потврди и Судот, признанијата и Данела Арсовска, но и целосната меѓународна изолираност на ова ВМРО – ДПМНЕ.

Најголема корупција е да ја држиш својата држава и својот народ во изолација и во постојани меѓуетнички тензии.

Дополнително, и шпицниот командант Мицкоски како и Апасиев во нивните сограѓани Албанци гледаат само како подредени граѓани, како граѓани од втор ред, Албанци кои не смеат да бидат на високи државни позиции, и тие што се на тие позиции, веднаш ги напаѓаат со клевети, лаги, измислици, без никакви факти и аргументи.

Единствената слика што ја поседува и ја објави шпицниот командант со калашников во раце, иако опкружен со жени и семејства на испраќање на таа фотографија, е порака кон Албанците.

Ова не поминува, не го поддржуваат граѓаните, но ниту и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и не може да го сокријат со секојдневни банални клевети, лаги, измислици, конструкции за да ја дефокусираат јавноста од нивните одлики на антиалбанска, изолациона, осамена и коруптивна партија.

Ги повикуваме членовите на ВМРО – ДПМНЕ да се дистанцираат од овие расистички и изолациони анти – НАТО и анти – ЕУ политики на шпицниот командант и да ја одвратат партијата од овие погубни политики.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK