октомври 7, 2024

По бурата од реакции и емоции кои се случија по интервјуто на Латас кај извесниот Лазаров и тоа на Јутјуб – тоа интервју од пред малку не е достапно на таа платформа.

Претходно денеска излезе информација за започната истрага поради тоа интервју. – Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до скопското обвинителство по интервјуто емитувано на 15 февруари, во кое Латас раскажува како на 15-годишна возраст, тој и неколку другари злоставувале девојка која претходно била „шамарана“.
Во интервјуто во еден дел Латас, раскажувајќи за своето прво сексуално искуство кажува дека бил повикан од познаник кој му рекол да „влезе во фичото и да работи“ додека внатре имало „распарталена жена“. Претходно Латас го опишува пријателот како син на полициски моќник во тоа време, кој сакал сите девојки пред сексуалниот чин да ги „шамара“.

Клипчето е гадно но важно е да го гледате ако имате дете кое е често на јутјуб.

Латас е Латас но посебен поздрав до мрмутов Стефан Лазаров кој се кези ко удрен кога зборат за шамарање девојки. Тој има многу поголемо влијание кај младите. pic.twitter.com/yqBvXJooNw

— 42 (@forty_tw0) February 19, 2023

Ние успеавме да го симнеме делот каде што водителот се смее на тоа дека некоја девојка е шамарана и силувана како да се работи за ЕПП…

Видеото денеска е избришано од Јутјуб. Овој сегмент успеавме да го симнеме од други платформи и за да не се загуби го постираме тука. pic.twitter.com/iHWu99qvAm

— puls24.mk (@MkPuls24) February 20, 2023

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK