октомври 8, 2024

Во текот на зимата, односно во сезоната на вируси, грипот и настинките потребно е повеќе вниамние да му посветиме на имуниот систем, а во тоа ни помага исхраната.

Оваа чорба е богата со зеленчук и е вистински рецепт за здраво јадење без месо кое ќе ве освежи.

Состојки:

2 лажици маслиново масло;1 кромид, исечкан;4 големи чешниња лук, исечкани;1 лажица ѓумбир;1 лажица цимет;1 лажица куркума;1 лажица ким;1 литар вода;1 килограм компир исечкан на коцки;800 грама домат исечкан на коцки;1 лименка леблебии;1 главица кељ;1 лажица сол;½ ќесичка мелен бибер;јогурт по желба;свеж магдонос.

Подготовка:
1.Во големо тенџере загрејте го маслиновото масло, додадете го кромидот, лукот и ѓумбирот и пржете додека зачинот не пушти мирис. Додадете го циметот, куркумата, кимот и мешајте уште неколку минути.
2.Ставете ја водата и додадете го компирот, доматот и леблебиите. Варете уште 15 минути додека зеленчукот не омекне. Зачинете со сол и бибер, па додадете го кељот. Варете уште пет минути, па супата послужете ја топла, со магдонос.
Пријатно јадење!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK