октомври 8, 2024

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се искачи за 16 места на АТП листата и во моментов е на 478 место во светот. Ова е најдобриот пласман на Ивановски во неговата кариера, откако минатата недела влезе во топ 500 тенисери.

Пласманот во финалето на челинџерот во Тунис (6-12 февруари), во кое го предаде мечот поради повреда му донесе нови осум ранкинг поени со што дојде до 478. место во светот.

Ивановски вели дека следна цел му е да ги достигне позициите на најдобрите македонски тенисери на АТП листата. За сега најдобро пласиран тенисер од Македонија е Предраг Русевски (242 место), а зад него се Александар Китинов (296 позиција) и Лазар Магдинчев (339 место).


The post Калин Ивановски се искачи 16 места на АТП листата, најдобар пласман за македонскиот тенисер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK