октомври 9, 2024

На електронските адреси на повеќе медиуми, меѓу кои и „360 степени“, утрово била испратена закана за поставени експлозивни направи на повеќе локации во главниот град. Според заканувачката порака, минирани со динамит се претседателската резиденција Вила Водно, повеќе музеи и трговски центри, хотели и јавни објекти.

Како што може да се види од пораката, таа е испратена од имејл-адреса grahamkleiny72@gmail.com.

Пораката, во чиј наслов односно предмет (subject) е наведено „закана“, освен на електронските адреси на медиумите е испратена и на имејл-адреса на Министерството за внатрешни работи.
Нема да застенеме додека корумпираната власт на СДСМ не се тргне. Властите веќе ЗНААТ што треба да прават, но тоа не го прават. Писмото беше пратено одамна. Затоа денес жртви МОРА да паднат. Во здружение со нашите следбеници ги миниравме следните локации во главниот град (Скопје) со експлозивни динамити:
Музеј на Град Скопје (МГС)
Музеј ММБ на Адреса 11-ти март, Скопје
Природнонаучен Музеј на Македонија бул. Илинден 83
Археолошки музеј на Македонија Кеј Димитар Влахов 1000
Спомен Куќа / Музеј на Мајка Тереза
ГТЦ Градски Трговен Центар Скопје
Шопинг центар East Gate Mall
Трговски центар Бисер
Станбена зграда Агора Флатирон
Станбените кули Џевахир
Управен суд на Македонија Даме Груев 6, Скопје
Куќата на Претседателот – Вила Водно

The post Нови дојави за бомби: Се евакуира претседателот Стево Пендаровски од Вила Водно appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK